You are currently viewing Важноста и придобивките на кодирање за деца

Важноста и придобивките на кодирање за деца

Дали некогаш сте размислувале за придобивките од кодирањето за деца, освен фактот дека тоа е една од најважните вештини во 21 век?

Кодирањето им овозможува на децата да станат независни во свет каде технологијата е сè поприсутна. Целта зад учењето да се кодира повеќе не е ограничена на тоа да станете вешт програмер и да ги задоволите потребите на пазарот на труд. Кодирањето им овозможува на децата да напредуваат во сите полиња од животот.

Придобивките од кодирањето може да бидат изненадувачки широки. Кога станува збор за подготовка на вашите деца за иднината, уште од рана возраст, кодирањето ја отвора вратата за многу можности за стекнување животни вештини и истражување на можностите за кариера.

Кодирањто ја подобрува креативноста

Кодирањето за деца е суштински креативен процес, почнувајќи од ништо и завршувајќи со нешто. Кодирањето го поттикнува детето да има корист од задоволството низ процесот. Во реалниот свет, креативните дела честопати се ограничени од материјалите што ги имаме на располагање; како состојките кога готвиме или платното кога сликаме. Но, со кодирањето, каде што виртуелниот свет е бесконечен, единственото ограничување е имагинацијата на детето. Креативноста ја поставува основата за иновативност, генијалност и лидерство бидејќи ја претставува способноста да се поврзат постоечките идеи со нови решенија, пристапи и концепти.

Со кодирање математиката е попривлечна

Порано, верувањето беше дека децата кои се заинтересирани за кодирање треба да развијат силни математички вештини. Сепак, денес ова верување може да биде и обратното. Кодирањето може да им помогне на децата да изградат математички вештини и да го направат учењето математика попривлечно и забавно. Математиката и кодирањето се длабоко поврзани. Учењето на децата како да кодираат вклучува примена на математички концепти. Вашите деца, додека се забавуваат ќе ги стекнат овие математички вештини и способности без воопшто да ги забележат. 

Кодирањето развива вештини за решавање проблеми

Способноста за кодирање дава нова перспектива за решавање проблеми. Од почетници до професионалци, секој ќе ви каже дека пишувањето на код може да биде доста предизвикувачко. Кодирањето, ги оспособува децата да се држат до проблеми и да работат на изнаоѓање решенија. Tехниката за решавање на проблеми може да донесе позитивни резултати на многу други полиња.

На пример, научниците решаваат проблеми со формирање хипотези и тестирање на овие хипотези една по една. Програмерите менуваат делови од својот код една по една компонента и се обидуваат да најдат решение за истиот проблем.

Кодирањето го подобрува пресметковното размислување

Пресметковно размислување е структуриран и докажан метод дизајниран да ги идентификува проблемите без оглед на возраста или нивото на компјутерска писменост. Овој метод помага да се развие критичкото размислување кај децата и се фокусира да им помогне да развијат и да користат стратегии за разбирање и решавање на проблемите.

Пресметковното размислување е крос-дисциплиниран метод и од голема корист е да започнеме да го учиме во основно или дури и предучилишна возраст. Затоа, учејќи да кодираат, децата го развиваат методот на пресметковно размислување.

Преку практично учење кодирањето е позабавно

Децата најдобро учат преку практично учење и истражување. Овој метод е практичен пристап кон учењето каде што учениците комуницираат со нивната околина за да се прилагодат и научат нови нешта. Практичното учење ни покажува дека учиме повеќе кога всушност ја правиме активноста. На пример, замислете едно дете учи да игра некоја игра. Со пристапот на практично учење, детето ќе ја разбере апликацијата што ја користи за да ја игра играта. Подоцна, тие почнуваат да откриваат повеќе за движењето на предметите, поени што можат да ги заработат итн. Ваквиот вид на учење вклучува активно ангажирање, а не пасивна практика.

Време е да ги запознаете вашите деца со кодирање!

За да го заинтересирате вашето дете, покажете му што сè може да направи со кодирање. Кодирањето им овозможува да направат сè, почнувајќи од создавање игри и апликации, дизајнирање анимации на интересен и забавен начин! Дури и ако вашето дете сака да прави нешто надвор од компјутерските науки кога ќе порасне, неговите вештини за кодирање ќе се покажат како корисни во различни области. Затоа што кодирањето ги развива вештините за решавање проблеми, организирање, математика, креирање на приказни, дизајнирање и многу повеќе.

Најважно од сè, способноста за кодирање ги трансформира децата од пасивни потрошувачи во иновативни креатори, со очи кои на секое парче технологија гледаат не само како на играчка, туку како на проблем за решавање и можност за создавање.