Едукативен центар за обуки за деца
Креативно компјутерско образование: обуки за деца
Посветен на развивање на логичкото размислување, креативните вештини,
способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух на децата.
Ран упис - online обуки за деца
30% попуст до 30 јуни
Уписите за Digipath обуките за новата учебна година се отворени!
Digipath - online обуки за деца
Дигитални патеки
Дигиталните патеки за учење на деца претставуваат облик на Академии за учење на дигитални вештини преку обуки за деца.
Изберете ја насоката за дигитално надоградување и усовршување на вашето дете.

По завршување на секоја обука за деца учениците добиваат
Диплома за завршена обука
Во дипломата се наведува од која Дигитална патека е обуката. Исто
така се наведуваат сите постигнати цели и вештини за време на
следење на обуката.
Целта на дигиталните патеки е децата од рана училишна возраст да се стекнат со основи на компјутерско образование, да се запознаат со
можностите и различните насоки во кои можат да го продолжат
своето дигитално надоградување и усовршување.
Вашето дете
Треба да учи програмирање
Додека програмираат, децата учат да станат подобри решавачи на
проблеми, математичари, инженери, раскажувачи на приказни,
пронаоѓачи и соработници. Овие индивидуални и интерперсонални
вештини се воведуваат и рафинираат преку процесот на
секвенционирање на едноставна програма во рамки на нашите обуки за деца.

Запознајте го
Нашиот тим

Гордана Мишевска
„Магистер по математичко образование“, искусен наставник, поборник за современо образование кое ги следи тековните промени и трендови и има за цел подобра подготовка на децата за иднината.

Моника Златановска
Дипломиран професор по математика - информатика, ентузијаст за работа со деца, вљубеник во современата технологија

Мартина Бошковска
Мартина е софтверски инженер. Таа има искуство како демонстратор на лабораториски вежби по програмирање на ФИНКИ. Преку повеќегодишно учество во организации и образовни проекти Мартина се залага за унапредување на формалното и неформалното образование кај младите.

Марко Палоски
Марко е систем инженер во софтверската компанија Нетцетера. Тој е член и ментор на Здружението на Инфоматичари на Македонија, поттикнувач и иницијатор на многу едукативни програми како: Microsoft Learn Student, Google Student Clubs, #МојотОмиленПрофесор

Никола Докоски
Никола почнал со модирање игри и оттаму продолжил со изучување и навлегување во светот на програмирањето. Тој сака природни науки и математика, а се занимава и со музика. Никола сака своето програмерско знаење да го споделува со децата желни за учење програмирање.

Теодора Трајковска
Теодора е графички дизајнер во дигиталната маркетинг агенција Нова Солутионс - Битола. Покрај знаењето и огромната страст за графички дизајн, Теодора поседува и академско знаење за работа со деца.Во слободно време се занимава со фотографирање. Нејзиното животно мото е верувај дека можеш и веќе пола си успеал.

Дина Дамјановиќ
Дина е фронтенд девелопер и главен менаџер на Ригилог и ко-основач на Ways2Help. Отсекогаш ја исполнувала работата со деца, како и хуманитарната работа на која секојдневно се посветува.

Благојчо Иванов
Благојчо е дипломиран софтверски инженер. Тој работи во софтверската компанија Интелигента. Сака да го споделува своето знаење со другите и негово мото е „Прави го најдоброто што знаеш или не прави ништо“.

Јакуп Нуредин
Јакуп е дипломиран економист и моментално се специјализира во областа на економија на регионален развој. Тој има долгогодишно искуство со студентски организации и B2C маркетинг.
Ви пренесуваме сведоштва од
Нашите Клиенти
Edufront е центар за учење за деца каде можете да најдете стручност, флексибилност, пријателски цени и одлична услуга за клиентите! Топла препорака! Задоволен родител, Гордана Родиќ
Гордана Родиќ
Родител
Конечно, преку ПрограмИграм Мини моето дете се ангажира како креатор, а не само како корисник на технологијата и игрите. Средината е стимулативна и современа, учи на игрив начин и преку соработка со децата. Пристапот е топол и непосреден, а цените се достапни 🙂
Александра Баждарова Гилевска
Родител
„Еdufront е едукативен центар за учење каде што децата преку бројни примери и вежби прилагодени на нивната возраст изучуваат разни програмски јазици. Низ игра и вежби обработуваат теми како што е правење игри со разни кодови, управување со податоци и наоѓање на грешки при кодирање, цртање на разни форми и сето тоа проследено со практични совети од страна на предавачите
Даница Стошевска
Мајка на Тимотеј
Понудата која ја дадовте како едукативен центар и начинот на кој пристапивте кон Нина беше на ниво кое говореше за Вашата сериозност кон работењето. Ѝ го зголемивте интересот, ѝ го задржавте вниманието преку програмите: Scratch и HTML/CSS/JS за да продолжи да се надградува понатаму во Дигиталната патека за веб дизајн. Сета нејзина посветеност беше насочувана од страна на прекрасните едукатори кои препознаа во Нина потенцијал со големи можности за надоградување и понатамошен успех
Оливера Станковиќ
Мајка на Нина
Најпрвин би споделила искрено воодушевување од професионалната и прецизна работа на тимот на Едуфронт. Со задоволство би кажала дека благодарение на обуките на Едуфронт (ПрограмИграм во Scratch и HTML, CSS и JavaScript) мојот син Огнен го промени статусот од пасивен корисник/ набљудувач/играч на игри во некој кој создава нешто. Исто така тој продолжува да развива љубопитност за стекнување и учење на нови дигитални вештини преку обуките од Дигиталната патека за дизајн
Маја Бојаџиски
Мајка на Огнен