Едукативен центар за
Креативно компјутерско образование за деца
Ние ги учиме децата како креативно да ја користат компјутерската технологија и
напливот на информации во современата дигитална ера.
Работиме според
Меѓународни програми за компјутерско образование
Програмите за почетните обуки од ПрограмИграм во Scratch, наменети за деца од основно образование се базирани на меѓународна програма за креативно компјутерско образование.


Развиваме училишна култура на
Kреативно работење со компјутери
Оваа култура во себе инкорпорира повеќе димензии:
- Интелектуална димензија - запознавање и ангажирање на учениците со низа од компјутерски концепти и практики
- Колаборативна димензија - поттикнување на интеракција и соработка меѓу учениците преку работа на заеднички и групни проекти
- Афективна димензија - развивање и одржување на чувствата на доверба и бестрашност кај учениците
Да направиме компјутерите да бидат
Во служба на децата и развојот на нивната креативност и лични интереси
Многу млади луѓе со пристап до компјутери учествуваат
како потрошувачи, наместо како дизајнери или креатори. Креативното
компјутерско образование ги потенцира знаењата, практиките и
компјутерската писменост што треба да ги стекнат младите за да
создадат динамични и интерактивни компјутерски медиуми преку кои
ќе ги истакнат личните интереси, креативноста и имагинацијата.
Директното учество во создавањето на компјутерски креации ги
подготвува младите за повеќе од кариера на компјутерски научник
или програмер. Тоа го поттикнува развојот на младите како
компјутерски мислители, на поединци кои можат да ги применат
компјутерски концепти, практики и перспективи во сите аспекти и
разни дисциплини од нивните животи.

Програмирањето како
Нова писменост на 21-от век

Како што јазикот ни овозможува да ги искажеме нашите потреби и
желби, нашите откритија и соништа така програмските јазици ни
овозможуваат нови начини на размислување и нови начини за
комуникација и изразување идеи. Треба да ги научиме нивните
синтакса и граматика и со текот на времето, колку повеќе работиме со
нив, толку потечно ги „говориме“.
Директното учество во создавањето на компјутерски креации
ги подготвува младите за повеќе од кариера на компјутерски научник
или програмер. Тоа го поттикнува развојот на младите како
компјутерски мислители, на поединци кои можат да ги применат
компјутерски концепти, практики и перспективи во сите аспекти и
разни дисциплини од нивните животи.