ПрограмИграм™ во Scratch
2.250 ден – 8.500 ден
Scratch е прва обука во секоја дигитална патека за учење и е воведна и подготвителна обука. Таа има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерското размислување, да ги запознае со основните програмерски коцепти и основните на компјутерски дизајн.
Оваа обука е наменета за деца на возраст од 8 до 11 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.
Со завршувањето на Scratch учениците ќе знаат да ги применуваат блок наредбите за: Настани, Контрола, Звук и Изглед, ќе ги усвојат концептите за: низа од настани, паралелност на настани и циклуси (повторување), услови, оператори, тестирање и дебагирање на код. Практично ќе знаат да го применат наученото за изработка на проекти во Scratch од типот: интерактивен колаж, анимација, приказна и квиз.
Опис
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Вовед во работа со компјутери. Креирање на корисничка сметка и запознавање со интерфејсот на Scratch
- Блокови за движење. Први проекти во Scratch
- Уште блокови за движење
- Креирање на проекти со ограничен збир на блокови – 10 blocks
- Багови и дебагирање
- Анимација со блокови за: движење, звук, изглед
- Проект – интерактивен колаж
- Sound editor и sound blocks. Независна паралелност
- Paint editor и looks blocks
- Блокови за повторување. Анимација на карактери
- Мои блокови – функции во Scratch
- Разговори меѓу карактери. Зависна паралелност
- Блокови за позадини. Сцени – проект приказна
- Колаборативен проект – Pass it on
- Услови. Sensing (ask and answer)
- Оператори (+,-,*,/, pick random)
- Изработка на квиз со помош на оператори и sensing
- Индивидуален проект и презентација на проектот