Digipath
Дигитални патеки за учење на деца
Digipath се состои од
3 различни дигитални
патеки за учење
Во една учебна година може да се изучат 2 обуки од една Digipath програма. На почеток на учебната година се одбира
соодветен Digipath во зависност од возраста на ученикот, претходно изучени обуки и неговите предзнаења.
Целта на дигиталните патеки е децата од рана училишна возраст да се стекнат со основи на компјутерско образование и дигитални вештини како основа на дигиталната писменост. Преку Digipath обуките децата се запознаваат со можностите и различните насоки во коишто можат да го продолжат своето дигитално надоградување и усовршување.
За секоја завршена обука учениците добиваат Диплома од соодветната дигитална патека. Во дипломата се опишани сите постигнати цели кои се предвидени според програмата на обуката и стекнатите вештини за којшто се оспособил ученикот.
Во учебната 2023/24 година наставата се одвива во 2 полугодија, во периодот од 11 Септември до 10 Јуни.
За време на зимскиот распуст и државните празници не се одржуваат часови.
Прво полугодие: 11.09.2023 – 31.01.2024
Второ полугодие: 01.02.2024 – 10.06.2024
Часовите од сите обуки се одржуваат во работни денови, во попладневни часови.
За точен распоред на обуки и наставни групи побарајте информации на:
- info@edufront.mk
- 070 700 237
Цени за две последователни обуки од една Дигитална патека, во две полугодија од учебната 2023/24 година:
ран упис до 20 Јули | редовен упис до 10 Септември | |
плаќање на 8 месечни рати | 8 x 2250 ден.= 18 000 ден. | 8 x 2500 ден.= 20 000 ден. |
плаќање на 2 рати | 2 x 8500 ден.= 17 000 ден. | 2 x 9500 ден.= 19 000 ден. |
еднократно плаќање | 16 000 ден. | 18 000 ден. |
- За ученици кои завршиле Digipath обука во претходна учебна година се одобрува 10% попуст на понудените цени.
- За упис на 2 или повеќе деца од исто семејство се пресметува дополнителен 10% попуст.
Уписот се потврдува со пополнување и потпишување на Договор за упис на ученикот. Родителот/старателот во самиот Договор го одбира начинот на плаќање. Во зависност од датата на потпишување ќе важи соодветната цена.
- Месечните рати се плаќаат во месеците на одвивање на настава: септември, октомври, ноември, декември, февруари, март, април и мај.
- Плаќањето на 2 рати се врши со плаќање на една рата до крај на првиот месец од секое полугодие.
- Еднократното плаќање се врши до почеток на првиот час.
Наставата за секоја обука се одвива во тек на 17 седмици, со еден час седмично, во траење од 75 минути.
Терминот за наставни групи е 19:00 – 20:15.
Наставата се одвива онлајн со користење на платформа за конференциска врска.
За наставата во секоја група е одговорен предавач којшто ги води онлајн часовите. Покрај тоа: испраќа мејл потсетувања до учениците за секој час , споделува материјали од часовите, задава домашна работа и ја следи и оценува работата и напредокот на учениците.
Учениците тековно за секој час од обуката добиваат материјали во електронска форма. Исто така, во текот на обуката, по барање, достапни им се видео снимките од часовите.
Секоја дигитална патека започнува со обуките
Scratch и Scratch Adv како основни обуки за деца од 8 до 11 годишна возраст
