Обуки за
Програмирање, веб дизајн и графички дизајн за деца

Нашиот наставен процес
Како Работиме
Онлајн настава
Часовите се одвиваат онлајн со користење на платформа за конференциска врска и директно присуство од наставник. Сите материјали за часовите се во електронска верзија. Наставникот го води онлајн часот, споделува материјали со учениците, ја следи и оценува нивната работа, задава задачи за домашна работа. По потреба се организираат дополнителни консултации со наставник.
Бесплатни пробни часови
Пред почетокот на секој семестар се организираат бесплатни пробни часови.
На овие часови на учениците им се доловуваат низата можности за компјутерско креирање, а родителите се запознаваат со програмите и условите за работа.
Попладневни термини
Курсевите се одвиваат во попладневни термини, по завршувањето на часовите од редовната настава во основните училишта.
Првиот термин е со почеток во 17:30 часот, а последниот термин во 19:30 часот, со распоред во зависност од видот на курсот и времетраењето на часот.
Работа во мали групи
Работата на сите курсеви се одвива во мали групи од 6 до 8 ученици, со соодветна техничка опрема и материјали за секој ученик.
На овој начин се создаваат можности за индивидуализирана настава, а наставникот може лесно да пружи индивидуална помош на секој ученик и да ја следи работата на учениците.
Персонал со искуство и ентузијазам
Нашиот тим од наставници се состои од: професионален едукатор со повеќегодишно искуство во полето на едукацијата и енергични, креативни едукатори.
Нивна заедничка особина е ентузијазмот во работата со деца и вербата дека секое дете има свои потенцијали и интереси кои треба да се развиваат.
Како децата да станат
Мали програмери, креатори и иноватори
