Digipath Обука за HTML/CSS Adv.
2.250 ден – 8.000 ден
Учениците се запознаваат со работата на интернетот и веб страниците и се оспособуваат за самостојна изработка на основна веб страница. Преку обуките од оваа дигитална патека учениците ќе стекнат доволно знаење за да видат што и во која насока би сакале да продолжат со веб програмирањето.
Во обуката HTML/CSS се изучува основно ниво на описниот јазик HTML како прва скала кон структура и изработка на веб страници и основно ниво на стилскиот јазик CSS, за вовед во дизајнерскиот аспект на самата веб страница.
Опис
Тука учениците ќе се запознаат со:
- Распоред на веб страница
- Основни елементи на веб страница
- Внесување на содржини во веб страница како: текстуални, хиперлинкувани содржини, слики, видеа и други мултимедијални содржини
- Работа со различни типови на графички содржини и нивно појаснување како работат во дигиталниот свет
- Типографија
- Селекција на бои, распоред на нијанси, стилови на фонтови и текстови