Digipath Обука за JavaScript плаќање наеднаш

9.500 ден

Целта на обуката за Java Script e учениците да се запознаат со основните концепти на програмирањето и програмскиот јазик JavaScript, вметнување на JavaScript код во HTML страна и правење динамични работи со помош на JavaScript во самата страна.

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.

Со завршување на обуката учениците ќе се стекнат со основно познавање на програмскиот јазик JavaScript, како и основните концепти на програмирањето и негова примена во креирана веб страна.

Опис

Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во JavaScript
  • Променливи и услови
  • Услови и релациони оператори
  • Вежби со услови
  • Вовед во циклус, for циклус во JavaScript
  • While циклус во JavaScript и низи
  • Вежби со циклуси и низи
  • Вовед во функции
  • Работа со вградени функции, вежби со функции
  • Вежби со функции, HTML DOM објекти
  • HTML интерaкција со копчиња

Вие исто така би сакале…