Digipath Обука за JavaScript плаќање на рати
2.250 ден / месечно
Во третата обука од Дигиталната патека за веб дизајн се изучуваат основи на програмскиот јазик JavaScript како најзастапен јазик за изградба на front-end делот на веб страниците. Тука учениците ќе се запознаат со основните концепти на програмирањето и повеќе логични и алгоритамски концепти и ќе ги применат во front-end развој на веб страница.
Опис
Дел од содржините кои се изучуваат на оваа обука се:
- Вовед во променливи
- Стрингови
- Низи
- Објекти
- Услови и циклуси
- Вметнување на JavaScript код во HTML страница
- Динамични работи со помош на JavaScript во самата страница
- Дебагирање и техники на барање на грешки во самата страница и кодот