Digipath Обука за JavaScript
2.250 ден – 8.500 ден
Целта на обуката за Java Script e учениците да се запознаат со основните концепти на програмирањето и програмскиот јазик JavaScript, вметнување на JavaScript код во HTML страна и правење динамични работи со помош на JavaScript во самата страна.
Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.
Со завршување на обуката учениците ќе се стекнат со основно познавање на програмскиот јазик JavaScript, како и основните концепти на програмирањето и негова примена во креирана веб страна.
Опис
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Вовед во JavaScript
- Променливи и услови
- Услови и релациони оператори
- Вежби со услови
- Вовед во циклус, for циклус во JavaScript
- While циклус во JavaScript и низи
- Вежби со циклуси и низи
- Вовед во функции
- Работа со вградени функции, вежби со функции
- Вежби со функции, HTML DOM објекти
- HTML интерaкција со копчиња