Digipath Обука за HTML/CSS

2.250 ден8.500 ден

Во првата обука за HTML/CSS учениците ќе се запознаат како работи Интернетот, што се тоа веб страни и со веб технологиите HTML и CSS. Се започнува со едноставни елементи и структура на страната и се движи постепено кон понапредни техники. Часовите вклучуваат работа со текст, хиперлинкови, слики, мултимедијални елементи, бои, типографија, листи, табели и друго. 

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.

Со завршување на обуката учениците ќе се стекнат со основни вештини за HTML и CSS технологиите, пришто ќе научат различни тагови и елементи, како и нивни техники и структури за употреба, основно познавање како функционираат веб страните и нивно прикажување со веб технологиите HTML и CSS.

8.500 ден
2.250 ден / месечно

Опис

Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во Интернет/WWW
  • Веб страна и HTML синтакса
  • Работа со текст
  • Табели и дополнителни тагови
  • HTML форми
  • Вовед во стилови – CSS
  • Типографија и CSS фонтови
  • CSS селектори
  • BOX модел
  • Бои
  • Вежби за практична примена на наученото
  • Работа на проект

Вие исто така би сакале…