Digipath Обука за основи на Дизајн и Canva плаќање на рати

2.500 ден / месечно

Преку обуката „Основи на дизајн и Canva“ учениците ќе се запознаат со теоретски содржини за основни елементи и принципи на графички дизајн. Наученото практично ќе  го применуваат во онлајн платформата за графички дизајн Canva.

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.

Со завршувањето на обуката „Основи на дизајн и Canva“ учениците ќе ги усвојат и успешно ќе ги користат основните елементи и принципи на графичкиот дизајн, ќе се запознаат со повеќе видови на графички дизајн и ќе се оспособат за користење на алатките во платформата Canva за практична изработка на дизајни.

Опис

Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Запознавање со основните поими и Canva
  • Типови на графички дизајн, негови алатки, елементи и принципи
  • Шема на бои и основни правила на боите
  • Типографија
  • Основни правила на фонтовите
  • Типови на графика (формати на слики и вектори)
  • Лого и типови на логоа
  • Процес на изработување на лого
  • Canva – онлајн платформа за графички дизајн
  • Дополнителни ресурси со бесплатни материјали за дизајнирање
  • Групирање и организирање на елементите и принципите
  • Визуелна хиерархија
  • Тековни трендови во графичкиот дизајн, факти и совети
  • Изработка на дизајн за постер

Вие исто така би сакале…