Digipath Обука за основи на Дизајн и Canva

2.250 ден8.000 ден

Дигитална патека за дизајн понатаму продолжува со обуките: Основи на дизајн и Canva и Дизајн и Canva Adv во коишто учениците се запознаваат со основите на графички дизајн и практично учат и го применуваат наученото во онлајн платформата за графички дизајн Canva.

Преку овие обуки децата ќе сфатат дека графичкиот дизајн е насекаде околу нас, ќе научат уште еден начин за комуницирање порака преку креативност, како ефикасно да ги реализираат идеите на другите луѓе, како да станат вешти забележувачи на детали и како да изработуваат свои дизајни.

8.000 ден
2.250 ден / месечно

Опис

Програмата на овие обуки ги опфаќа следните содржини:

  • Основи на дизајн (запознавање со поимите графички дизајн и графички дизајнер)
  • Главни елементи и главни правила во графичкиот дизајн
  • Визуелен дизајн (контраст, повторување, подреденост (хиерархија) големина, боја)
  • Форми (икони, вектори) – запознавање и нивна примена
  • Палета на бои (RGB & CMYK) – запознавање и примена на боите преку различни веб страници
  • Фотографии – запознавање, примена на свои фотографирани фотографии и веб страници со free stock фотографии
  • Типографија – запознавање со нова терминологија, фонт и негово запознавање и нивно користење
  • Детален опис / идентитет (brand book) на некој од светските брендови кои на децата им се многу добро познати

Во текот на обуките за практични активности и изработка на дизајн ќе се користи онлајн платформата за графички дизајн Canva. Работата во Canva е дела од програмата за обуките која вклучува:

  • Запознавање со основните Canva алатки (секоја алатка посебно)
  • Запознавање со различните димензии на постови, презентации, флаери итн
  • Запознавање со нова терминологија (mockup, template и сл)
  • Активности – работа на готов темплејт, целосно едитирање со сосема нова тема
  • Изработка нa: презентации, постови за социјални медиуми, постери, логоа, флаери, покани, честитки, видеа и анимации, визит карти, брошури, мениа, сертификати, банери, корици за книги, стикери, етикети, календари, карти, принтови за маички, шолји

Вие исто така би сакале…