Digipath Обука за HTML/CSS Adv. плаќање на рати
2.500 ден / месечно
Во текот на обуката HTML/CSS Adv учениците ќе се запознаат со напредни елементи во HTML и CSS, напредни и повеќе вгнездени структури на веб страните, распределување на елементите во страната, селекција со атрибути, динамички содржини како и анимација во самата страна.
Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.
Со завршување на обуката учениците ќе се стекнат со напредни вештини за HTML и CSS технологиите и самостојно ќе можат да направат своја HTML/CSS веб страна од сам почеток со користење на сите наведени елементи и техники, како што се: табели, слики, мултимедијални работи, навигација, динамички содржини, анимација и др.
Опис
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Распоред на страна
- Табели
- Рамки
- Веб графика
- Динамички содржини
- CSS атрибути
- FlexBox
- CSS Grid
- CSS селектори и вгнездени елементи
- 2Д објекти во CSS
- Транзиции во CSS
- Анимација во CSS
- Вежби со анимации и транзиции во CSS
- Работа на проект