Digipath Обука за Python плаќање наеднаш

9.500 ден

Преку обуката Python, учениците ќе се запознаат со основите на програмирањето и програмските јазици преку запознавање со синтаксните и семантичките особености на програмскиот јазик Python како еден од најзастапените програмски јазици во светот во моментот.

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.

Со завршувањето на обуката Python учениците ќе ги знаат основните видови елементи кои се составен дел на програмските јазици, ќе ги усвојат поимите и концептите за: променливи, библиотеки, услови, циклуси, листи ќе умеат да решаваат математички и логички задачи во Python со помош на библиотеката Turtle и структурите кои ќе ги изучат во обуката.

Опис

Во оваа обука се застапени следните содржини:

  • Вовед во програмски јазици и нивната примена
  • Запознавање со програмската околина на PyCharm
  • Печатење на текст во Python
  • Аритметички оператори и пресметки
  • Променливи (варијабли)
  • Коментари во Python
  • Читање на влезни податоци во Python
  • Случајни (random) броеви
  • Услови и условнa логика
  • Листи
  • Циклуси
  • Turtle Graphics во Python
  • Квизови за утврдување на знаењата
  • Игри и забава

Вие исто така би сакале…