ПрограмИграм™ во Scratch плаќање на рати

2.500 ден / месечно

Scratch е прва обука во секоја дигитална патека за учење и е воведна и подготвителна обука. Таа има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерското размислување, да ги запознае со основните програмерски коцепти и основните на компјутерски дизајн. 

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 8 до 11 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.

Со завршувањето на Scratch учениците ќе знаат да ги применуваат блок наредбите за: Настани, Контрола, Звук и Изглед, ќе ги усвојат концептите за: низа од настани, паралелност на настани и циклуси (повторување), услови, оператори, тестирање и дебагирање на код. Практично ќе знаат да го применат наученото за изработка на проекти во Scratch од типот: интерактивен колаж, анимација, приказна и квиз.

Опис

Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во работа со компјутери. Креирање на корисничка сметка и запознавање со интерфејсот на Scratch
  • Блокови за движење. Први проекти во Scratch
  • Уште блокови за движење
  • Креирање на проекти со ограничен збир на блокови – 10 blocks
  • Багови и дебагирање
  • Анимација со блокови за: движење, звук, изглед
  • Проект – интерактивен колаж
  • Sound editor и sound blocks. Независна паралелност
  • Paint editor и looks blocks
  •  Блокови за повторување. Анимација на карактери
  •  Мои блокови – функции во Scratch
  •  Разговори меѓу карактери. Зависна паралелност
  •  Блокови за позадини. Сцени – проект приказна
  •  Колаборативен проект – Pass it on
  •  Услови. Sensing (ask and answer)
  •  Оператори (+,-,*,/, pick random)
  •  Изработка на квиз со помош на оператори и sensing
  •  Индивидуален проект и презентација на проектот

Вие исто така би сакале…