Digipath

Отворени Digipath часови за учебна 2022/23 год.

Во склоп на уписите за новата учебна 2022/23 година Едуфронт најавува бесплатни, отворени, воведни часови  за онлајн обуките од Digipath програмирање, веб дизајн и дизајн.Ваквите отворени настани веќе станаа традиција на Едуфронт и редовно се организираат трета година по ред, пред почеток на секое училишно полугодие. Преку нив им се дава бесплатна можност на децата да се запознаат со основите на неколку дигитални вештини и основни знаења од истите, соодветни за нивна возраст. Директната ангажираност на децата и информираноста на родителите им помага во донесувањето на правилна одлука во која насока да продолжат со изучување на нови дигитални вештини.

Часовите ќе се одржат онлајн, на платформата Zoom. За да се учествува потребно е само да се направи претходна регистрација за учество на соодветниот час/часови по што се добива повратен мејл со линк за приклучување. 

Распоредот на августовските Отворени часови и линковите за регистрација се како што следува:

На овие настани од прва рака ќе дознаете повеќе за Digipath – Дигиталните патеки за учење за деца: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн и Дигитална патека за дизајн. Ќе имате можност да се запознаете со тимот и предавачите, да добиете информации за тековните уписи, програмите и целите на обуките и да добиете одговор на сите прашања што ве интересираат. 

Децата кои ќе се приклучат на овие настани ќе можат активно да учествуваат во воведни активности од соодветната обука, да искусат дел од онлајн Digipath час и научат нешто ново и интересно .

Со нетрпение ве очекуваме на дружење. Заедно да заокружиме едно весело, долго лето и да се подготвиме за почеток на успешна, нова учебна година.