Програмирање со Arduino во C++
Price range: 9.500 ден through 10.000 ден
Преку обуката Arduino со C++, учениците ќе го надградат своето знаење од основите на програмирање и ќе го применат во работа со вистински хардвер компоненти. Ќе се запознаат со концепти од електроника и физички компјутери, преку интерактивни симулации и проекти што ги поврзуваат кодот со реалниот свет.
Оваа обука е наменета за деца на возраст од 11 до 14 години, кои веќе имаат завршено основна обука по C++ или имаат основно познавање од програмирање. Обуката се одвива онлајн, преку Zoom, во траење од 17 недели, со една сесија неделно по 75 минути.
Со завршувањето на обуката, учениците ќе стекнат практични вештини за:
🔌 поврзување на LED светилки, звучници, копчиња и сензори
📟 читање на податоци и контрола на излезни уреди
🔁 програмирање логика со циклуси, услови и функции
💡 разбирање на аналогни и дигитални сигнали
🛠️ креирање свои први Arduino проекти во Wokwi како: аларм систем, мерач на температура, ноќно светло или интерактивна табла
Обуката завршува со мини-проект и презентација, на која секој ученик го претставува своето решение пред групата и родителите.
Опис
Обуката е наменета за деца од 11 до 14 години кои сакаат да го откријат светот на физичките уреди, сензори и паметни проекти. Во мали групи, со ментор од ИТ индустријата, учат да:
✅ Користат симулатор за електронски уреди (Wokwi)
✅ Поврзуваат LED, звучници, копчиња и сензори
✅ Програмираат со C++ во средина слична на Arduino IDE
✅ Работат со setup(), loop(), Serial.print()
✅ Користат digitalWrite(), analogRead(), analogWrite()
✅ Читаат аналогни и дигитални сигнали
✅ Дефинираат сопствени функции за организиран код
✅ Комбинираат хардвер и софтвер во мини-проекти
✅ Презентираат свој проект пред група и родители
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Вовед во Arduino и микроконтролери
 - Основи на електротехника: струја, напон, отпор
 - Повторување на C++: променливи, услови, циклуси
 - Користење на онлајн симулатор (Wokwi)
 - Поврзување и контрола на LED светло
 - Читање на влезни сигнали преку копчиња
 - Користење на звучници за генерирање тонови
 - Читање аналогни вредности од сензори (LDR, термистор)
 - Приказ на вредности на LCD екран
 - Дефинирање и користење функции во C++
 - Примена на серво мотори
 - Изработка на мини-проекти: аларм, паметно светло, мерач на температура
 - Финален проект: интегриран систем со повеќе компоненти
 - Квиз и презентација на проектот
 
Дополнителни информации
| плаќање | на рати, наеднаш  | 
		
|---|





