Основи на програмирање во C++ плаќање наеднаш

9.500 ден

Преку обуката C++  учениците ќе го продлабочат знаењето стекнато во основната обука по C++ од Дигиталната патека за програмирање во Едуфронт. Ќе се навлезе подлабоко во алгоритамски размислувања, сложени услови и циклуси, како и работа со податоци преку низи и функции.

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 11 до 14 години, кои веќе имаат завршено основна обука или имаат познавање од синтаксата и основните конструкции во C++. Обуката се одвива онлајн, во живо преку платформата Zoom, во траење од 17 недели со 1 сесија неделно по 75 минути.

Со завршувањето на C++, учениците ќе имаат понапредни познавања од програмирањето во C++, ќе креираат алгоритми за сортирање, пребарување, анализа на податоци, како и мини-игри и апликации кои вклучуваат менаџирање на податоци, структура на код со функции и основни концепти на дизајн на алгоритми.

Опис

Обуката е наменета за деца од 11 до 14 години кои сакаат да направат прв чекор во светот на кодирањето. Во мали групи, со ментор од ИТ индустријата, учат да:

✅ Користат онлајн средина за програмирање (Replit)
✅ Печатаат текст и пресметки со cout
✅ Користат променливи: int, float, char, string, bool
✅ Читаат податоци од корисникот со cin
✅ Ги применуваат условите if, else, switch
✅ Користат циклуси for, while, do-while
✅ Работат со низи: внес, излез, пребарување
✅ Решаваат логички и математички задачи
✅ Изработат мини-проекти и презентираат сопствен код

Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во програмирање и C++
  • Работа со Replit – онлајн развојна околина
  • Печатење текст и аритметички пресметки
  • Дефинирање променливи и типови на податоци
  • Вчитување податоци од корисникот
  • Условни конструкции (if, else, switch)
  • Циклуси (for, while, do-while)
  • Работа со низи (array): внес, печатење, манипулација
  • Решавање на задачи: најди најголем број, преброј вредности
  • Комбинирање услови, циклуси и низи
  • Мини-проекти: игра со броеви, анализатор на текст
  • Квиз за проверка на знаење
  • Финален проект и негова презентација

Дополнителни информации

плаќање

на рати, наеднаш

Вие исто така би сакале…