Digipath Обука за Python Adv. плаќање на рати

2.500 ден / месечно

Преку обуката Python Adv учениците ќе се запознаат со некои важни концепти на програмирањето и програмските јазици преку запознавање на синтаксните и семантичките особености на програмскиот јазик Python како еден од најзастапените програмски јазици во моментот и ‘ќе се воведат  во програмирањето на игри со помош на Python библиотеката PyGame.

Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.

Со завршувањето на обуката Python Adv учениците ќе ги усвојат концептите за функции, вградени функции, класи во Python, ќе знаат соодветно да ги применат во пишување на кодови за решавање на дадени задачи и  ќе умеат да ги применат овие концепти во насока на развивање на едноставни компјутерски игри со помош на библиотеката PyGame.

Опис

Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Функции, параметри на функции и враќање на вредност од функција
  • Вградени функции, примена на функции во посложени задачи и Turtle
  • Класи и наследување
  • Речници
  • Основни елементи на компјутерски игри , вовед во PyGame и игри
  • Основна PyGame програма
  • Додавање слики во PyGame 
  • Исцртување форми во PyGame
  • Исцртување на елементи на случајни позиции во PyGame
  • Sprites
  • Колизија и броење на поени
  • Квизови за утврдување на знаењата
  • Завршен проект и презентација

Вие исто така би сакале…