Дигитална патека за графички дизајн за деца плаќање на рати
2.250 ден / месечно
Дигиталната патека за дизајн е составена од следниве основни обуки: Scratch, Scratch Adv, Основи на дизајн и Canva, Дизајн и Canva Adv.
Секоја дигитална патека започнува со обуките: Scratch и Scratch Adv како основни обуки за деца од 8 до 11 годишна возраст. Овие две обуки се задолжителни за деца од 8 – 9 години како и за деца кои немаат предзнаења од креативно компјутерско образование.
Опис
Подготвителна обука за деца
Првата обука за Scratch е воведна и подготвителна обука која има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерско размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерски дизајн.
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Вовед во работа со компјутери. Креирање на корисничка сметка и запознавање со интерфејсот на Scratch
- Блокови за движење. Први проекти во Scratch
- Уште блокови за движење, завртување и насока
- Креирање на проекти со ограничен збир на блокови
- Багови и дебагирање
- Анимација со блокови за : движење, звук, изглед
- Проект – интерактивен колаж
- Блокови за звуци и едитор на звуци во Scratch. Независна паралелност
- Блокови за изглед и Paint editor во Scratch
- Блокови за повторување. Анимација на карактери
- Мои блокови – функции во Scratch
- Разговори меѓу карактери. Зависна паралелност
- Блокови за позадини. Сцени – проект приказна
- Колаборативен проект – Pass it on
- Услови. Sensing (ask and answer)
- Оператори
- Изработка на квиз со помош на оператори и sensing
- Индивидуален проект и презентација на проектот
По завршување на првата обука се продолжува со изучување на обуката Scratch Adv. Во програмата од оваа обука се повторуваат и применуваат изучените концепти од првата обука во Scratch, се прошируваат со усвојување на нови концепти и работа на повеќе проекти за изработка на 2D игри и изработка и презентација на индивидуален проект.
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Напредни концепти – video sensing, cloning
- Екстензија Pen – запознавање со алатките, цртање на елементарни линии и форми и цртање на посложени форми
- Блокови за контрола
- Проекти кои изгледаат како игри со движење на стрелки и сенсинг блоковите
- Променлива и примена
- Елементи на игра
- Изработка на 5 основни 2D игри и додавање на екстензии
- Листи и работа со листи
- Низи и проекти со текстуални низи
- Дебагирање на проекти
- Правење на индивидуален завршен проект и презентирање на проектот
Основни и напредни обуки за дизајн за деца
Дигитална патека за дизајн понатаму продолжува со обуките: Основи на дизајн и Canva и Дизајн и Canva Adv во коишто учениците се запознаваат со основите на графички дизајн и практично учат и го применуваат наученото во онлајн платформата за графички дизајн Canva.
Преку овие обуки децата ќе сфатат дека графичкиот дизајн е насекаде околу нас, ќе научат уште еден начин за комуницирање порака преку креативност, како ефикасно да ги реализираат идеите на другите луѓе, како да станат вешти забележувачи на детали и како да изработуваат свои дизајни.
Програмата на овие обуки ги опфаќа следните содржини:
- Основи на дизајн (запознавање со поимите графички дизајн и графички дизајнер)
- Главни елементи и главни правила во графичкиот дизајн
- Визуелен дизајн (контраст, повторување, подреденост (хиерархија) големина, боја)
- Форми (икони, вектори) – запознавање и нивна примена
- Палета на бои (RGB & CMYK) – запознавање и примена на боите преку различни веб страници
- Фотографии – запознавање, примена на свои фотографирани фотографии и веб страници со free stock фотографии
- Типографија – запознавање со нова терминологија, фонт и негово запознавање и нивно користење
- Детален опис / идентитет (brand book) на некој од светските брендови кои на децата им се многу добро познати
Во текот на обуките за практични активности и изработка на дизајн ќе се користи онлајн платформата за графички дизајн Canva. Работата во Canva е дела од програмата за обуките која вклучува:
- Запознавање со основните Canva алатки (секоја алатка посебно)
- Запознавање со различните димензии на постови, презентации, флаери итн
- Запознавање со нова терминологија (mockup, template и сл)
- Активности – работа на готов темплејт, целосно едитирање со сосема нова тема
- Изработка нa: презентации, постови за социјални медиуми, постери, логоа, флаери, покани, честитки, видеа и анимации, визит карти, брошури, мениа, сертификати, банери, корици за книги, стикери, етикети, календари, карти, принтови за маички, шолји