Дигитална патека за веб дизајн за деца

2.250 ден18.000 ден

Дигиталната патека за веб дизајн е составена од следниве основни обуки: Scratch, Scratch Adv, HTML/CSS, HTML/CSS Adv и JavaScript.
Секоја дигитална патека започнува со обуките: Scratch и Scratch Adv како основни обуки за деца од 8 до 11 годишна возраст. Овие две обуки се задолжителни за деца од 8 – 9 години како и за деца кои немаат предзнаења од креативно компјутерско образование.

18.000 ден
2.250 ден / месечно

Опис

Подготвителна обука за деца

Првата обука за Scratch е воведна и подготвителна обука која има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерско размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерски дизајн.
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во работа со компјутери. Креирање на корисничка сметка и запознавање со интерфејсот на Scratch
  • Блокови за движење. Први проекти во Scratch
  • Уште блокови за движење, завртување и насока
  • Креирање на проекти со ограничен збир на блокови
  • Багови и дебагирање
  • Анимација со блокови за : движење, звук, изглед
  • Проект – интерактивен колаж
  • Блокови за звуци и едитор на звуци во Scratch. Независна паралелност
  • Блокови за изглед и Paint editor во Scratch
  • Блокови за повторување. Анимација на карактери
  • Мои блокови – функции во Scratch
  • Разговори меѓу карактери. Зависна паралелност
  • Блокови за позадини. Сцени – проект приказна
  • Колаборативен проект – Pass it on
  • Услови. Sensing (ask and answer)
  • Оператори
  • Изработка на квиз со помош на оператори и sensing
  • Индивидуален проект и презентација на проектот

По завршување на првата обука се продолжува со изучување на обуката Scratch Adv. Во програмата од оваа обука се повторуваат и применуваат изучените концепти од првата обука во Scratch, се прошируваат со усвојување на нови концепти и работа на повеќе проекти за изработка на 2D игри и изработка и презентација на индивидуален проект.
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Напредни концепти – video sensing, cloning
  • Екстензија Pen – запознавање со алатките, цртање на елементарни линии и форми и цртање на посложени форми
  • Блокови за контрола
  • Проекти кои изгледаат како игри со движење на стрелки и сенсинг блоковите
  • Променлива и примена
  • Елементи на игра
  • Изработка на 5 основни 2D игри и додавање на екстензии
  • Листи и работа со листи
  • Низи и проекти со текстуални низи
  • Дебагирање на проекти
  • Правење на индивидуален завршен проект и презентирање на проектот

Основни и напредни обуки за веб дизајн за деца

Понатаму оваа дигитална патека продолжува со обуките во кои учениците се запознаваат со работата на интернетот и веб страниците и се оспособуваат за самостојна изработка на основна веб страница. Преку обуките од оваа дигитална патека учениците ќе стекнат доволно знаење за да видат што и во која насока би сакале да продолжат со веб програмирањето.

Во обуката HTML/CSS се изучува основно ниво на описниот јазик HTML како прва скала кон структура и изработка на веб страници и основно ниво на стилскиот јазик CSS, за вовед во дизајнерскиот аспект на самата веб страница.
Тука учениците ќе се запознаат со:

  • Распоред на веб страница
  • Основни елементи на веб страница
  • Внесување на содржини во веб страница како: текстуални, хиперлинкувани содржини, слики, видеа и други мултимедијални содржини
  • Работа со различни типови на графички содржини и нивно појаснување како работат во дигиталниот свет
  • Типографија
  • Селекција на бои, распоред на нијанси, стилови на фонтови и текстови

Во втората обука се продолжува со напредно ниво на HTML и CSS и се навлегува во понапредни и посложени елементи и комбинација на истите. Исто така во CSS делот се изучуваат анимации коишто можат да бидат прикажани на самата страница и напредни техники за прикажување на веб страница. Оваа обука е надградба и продлабочување на знаењата и вештините од претходната обука и подготовка за следната обука од оваа дигитална патека.

Во втората обука HTML/CSS Adv се продолжува со напредно ниво на HTML и CSS јазикот каде се навлегува во понапредни и посложени елементи и комбинација на истите. Исто така во CSS делот се изучуваат анимации кој можат да бидат прикажани на самата страна и напредни техники за прикажување на страната. Дел од новите содржини опфаќаат: напредни и повеќе вгнездени структури на веб страници, распределување на елементите во веб страницата, селекција со атрибути, динамички содржини како и анимација во самата страница. Со завршување на оваа обука учениците ќе се стекнат со напредни вештини за HTML и CSS технологиите, каде што самостојно ќе можат да направат своја HTML/CSS веб страница со користење на сите наведени елементи и техники.

Во третата обука од Дигиталната патека за веб дизајн се изучуваат основи на програмскиот јазик JavaScript како најзастапен јазик за изградба на front-end делот на веб страниците. Тука учениците ќе се запознаат со основните концепти на програмирањето и повеќе логични и алгоритамски концепти и ќе ги применат во front-end развој на веб страница.
Дел од содржините кои се изучуваат на оваа обука се:

  • Вовед во променливи
  • Стрингови
  • Низи
  • Објекти
  • Услови и циклуси
  • Вметнување на JavaScript код во HTML страница
  • Динамични работи со помош на JavaScript во самата страница
  • Дебагирање и техники на барање на грешки во самата страница и кодот

Вие исто така би сакале…