Дигитална патека за графички дизајн за деца

2.250 ден18.000 ден

Дигиталната патека за програмирање е составена од следниве основни обуки: Scratch, Scratch Adv, Основи на дизајн и Canva, Дизајн и Canva Adv

Цената за Дигитална патека се однесува на две последователни обуки кои се изучуваат во текот на една учебна или иста календарска година. За почетници од 8 до 11 години тоа се обуките Scratch и Scratch Adv. Додека деца од 10 до 14 години започнуваат со обуките: Основи на дизајн и Canva, Дизајн и Canva Adv.

Ако ученикот во претходна учебна година изучил некоја од Digipath обуките за графички дизајн тогаш уписот се врши за Дигитална патека составена од следните две последователни обуки.

18.000 ден
2.250 ден / месечно

Опис

Scratch е прва, воведна и подготвителна обука. Таа има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерското размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерскиот дизајн. 

По завршување на првата обука Scratch учениците продолжуваат со изучување на обуката Scratch Adv. Во програмата од оваа обука се повторуваат и применуваат изучените концепти од првата обука во Scratch, се прошируваат со усвојување на нови концепти и работа на посложени проекти.

Преку обуката „Основи на дизајн и Canva“ учениците ќе се запознаат со теоретски содржини за основни елементи и принципи на графички дизајн. Наученото практично ќе  го применуваат во онлајн платформата за графички дизајн Canva. Со завршувањето на оваа обука учениците ќе ги усвојат и успешно ќе ги користат основните елементи и принципи на графичкиот дизајн, ќе се запознаат со повеќе видови на графички дизајн и ќе се оспособат за користење на алатките во платформата Canva за практична изработка на дизајни.

Преку обуката „Дизајн и Canva Adv“ учениците ќе се запознаат со напредно ниво на графички дизајн и практично ќе научат да го применуваат стекнатото знаење во онлајн платформата за графички дизајн Canva. Со завршувањето на оваа обука учениците ќе развијат „дизајнерски“ поглед  и размислување, ќе се оспособат за користење на дополнителни алатки за графички дизајн и ќе умеат да дизајнираат широк спектар на формати  на дизајни како што се: постери, стикери, дизајни за социјални медиуми, презентации, gif и mp4 видеа, QR Code и др.

Вие исто така би сакале…