Во обуките Python за деца, децата на еден совршен начин и преку наменски смислени вежби и активности ќе се воведат во програмирање со Python, ќе ги усвојат основните концепти и ќе ја почувствуват возбудата да направиш компјутерот да прави работи, но тоа да не биде премногу на технички начин.
Нашата програма Python за деца се состои од две обуки: Python и Python Adv. Самата програма е наменета за деца од 10 до 14 години и е прилагодена да одговара на возраста на целната група. Целта на програмата Python за деца е да ги запознае учениците со основите на програмирањето и програмските јазици преку запознавање со синтаксните и семантичките особености на програмскиот јазик Python како еден од најзастапените програмски јазици во светот во моментот.
Програмата Python за деца се изучува во тек на една учебна година. Таа е поделена на две обуки: Python и Python Adv. пришто секоја од нив се изучува во еден семестар и содржи 18 часови, со едeн час неделно со траење од 75 минути. Наставата за оваа програма се одвива онлајн со користење на онлајн платформа за конференциска врска. Учениците имаат пристап до работни листови и дополнителни материјали од содржините што ќе се изучуваат на час или ќе им бидат потребни за задачите за домашна работа. Материјалите се задаваат и споделуваат во електронска форма.
Со завршување на обуката Python за деца, учениците ќе ги знаат основните видови на елементи кои се составен дел на програмските јазици и ќе умеат да решаваат едноставни математички и логички задачи во Python со помош на структурите кои ќе ги изучуваат во обуката.
Во првата обука Python се застапени следните содржини:
- Вовед во програмски јазици и нивната примена
- Запознавање со програмската околина на PyCharm
- Печатење на текст во Python
- Аритметички оператори и пресметки
- Променливи (варијабли)
- Коментари во Python
- Читање на влезни податоци во Python
- Случајни (random) броеви
- Услови и условнa логика
- Листи
- Циклуси
- Turtle Graphics во Python за деца
- Функции
- Квизови за утврдување на знаењата
- Игри и забава
Втората обука Python Adv следува после завршена обука Python за деца. Со завршување на оваа обука, учениците ќе ги знаат видовите на елементи кои се составен дел на програмските јазици и ќе умеат да ги применат овие концепти во насока на развивање на едноставни компјутерски игри со помош на библиотеката PyGame.
Главни цели на програмата од обуката Python Adv. се:
- Учениците да ги повторат и утврдат своите знаења за функции, да разбираат и објаснуваат зошто се потребни и каде се користат функции
- Учениците да знаат да применуваат функции при решавање на задачи
- Учениците да ги разбираат класите во програмските јазици, со фокус на програмскиот јазик Python, и да разбираат каде се користат
- Учениците да знаат да дефинираат сопствени класи и нивни методи во Python
- Учениците да го знаат механизмот на наследување кај класите и да умеат да го применат во едноставни примери
- Учениците да ги знаат основните составни делови на компјутерските игри и да разбираат како функционираат компјутерски игри
- Учениците да се запознаат со готова околина во PyGame, да разбираат што прави кодот и да може да надополнат игра со своја содржина
- Учениците да знаат да започнат со основен проект во PyGame и да додаваат своја содржина
- Учениците да ги знаат основните особености на PyGame и можностите кои таа ги нуди
На часовите од обуката се опфатени следните содржини:
- Функции, параметри на функции и враќање на вредност од функција
- Класи и наследување
- Основни елементи на компјутерски игри
- PyGame и специфичности
- Квизови за утврдување на знаењата
- Игри и забава