Натпревар во Scratch

Едуфронт доделува стипендии преку натпревар за програмирање во Scratch

Во текот на месец јуни, ЕДУФРОНТ ќе додели една целосна стипендија  и две полустипендии на прворангираните ученици на  бесплатниот онлајн натпревар за програмирање во Scratch за деца од 9 до 11 години.

Натпреварот ќе се организира во периодот 01 до 08 Јуни 2022 со помош на наставници од основните училишта. Целта на овој натпревар е да се зголеми свесноста за најважната писменост на 21 – от век – дигиталната писменост кај децата, да се поттикне развивање и усвојување на дигитални вештини кај децата од рана училишна возраст.

Учеството во натпреварот е бесплатно и сите учесници и нивните ментори ќе добијат електронски сертификати за учество. За најдобрите натпреварувачи обезбедивме награди:

Стипендии и полустипендии од натпреварот за програмирање

1.место – Целосна стипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година

2.место – Полустипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година

3.место – Полустипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година

Натпреварот ќе се одвива онлajн во периодот од 1 до 8 Јуни и ќе содржи два дела:

  1. Теоретски дел со прашања за познавање на програмскиот јазик Scratch, блок наредбите и концепти од програмирањето
  2. Практичен дел – самостојна изработка на Scratch проект на зададена тема на онлајн платформата на Scratch

Во теоретскиот дел ќе бидат опфатени прашања за Scratch од следните теми:

  • Блокови за: движење, изглед и звук
  • Блокови за контрола: услови, повторување
  • Блокови за настани и емитување (broadcasting)
  • Променливи и листи
  • Оператори
  • Екстензии за музика и цртање (Music и Pen)
  • Низи од наредби и редоследна структура
  • Структура за избор
  • Структура за повторување
  • Комбинација на структури
  • Разбирање на извршување на скрипти во Scratch

Учениците кои ќе се пријават за учество на натпреварот ќе добијат линк од тестот во облик на Google форма. Овој линк ќе биде достапен и отворен за пополнување во периодот 1 – 8 Јуни. Теоретскиот дел ќе се состои од прашања со понудени одговори. Додека за практичниот дел треба да прикачат линк од својот Scratch проект, изработка во онлајн верзијата на Scratch.

Рокот за пријавување е до 27 мај 2022 година.

Пријавувањето за учество се врши со пополнување на следната ПРИЈАВА.

Контакти за дополнителни информации и прашања:

Во Едуфронт во тек се рани уписи за сите обуки за деца за следната учебна година. Уписите со 30% попуст на цените ќе траат до 30 Јуни. Ги покануваме заинтересираните деца да ни се приклучат на онлајн обуките кои Едуфронт ги креираше за деца од 8 до 14 год: Digipath – Дигиталните патеки за учење: Програмирање, Веб дизајн и Дизајн.