You are currently viewing Тимски викенд во Маврово

Тимски викенд во Маврово

Силен тим не се формира само со ангажирање на квалификувани вработени. Тимот треба постојано да се гради и зајакнува преку разни активности дизајнирани за да ги зближат вработените. Тим билдингот е одлична пракса, особено за тим кој работи remote, да се поттикнат силни врски и да се трансформираат во кохезивен тим. 

За време на викендот 09 – 10 Јули, Едуфронт го организираше својот прв тим билдинг настан. Маврово и хотел „Бистра“ се покажаа како одличен избор за работни активности во мирна атмосфера, како и дополнителни слободни активности и уживање во локалната природа. 

На првиот ден ја потврдивме визијата за достапно и постојано дигитално образование кое води кон инклузивно општество, ја редифиниравме мисијата и ги одредивме стратешките цели за наредниот период. Покрај работниот дел, се забавуваме со интересни тим билдинг вежби и разни борд гејм игри. Вториот ден го искористивме за активности во природа на планина. Уживавме во локална храна на Старо бачило, пешачевме до Трифкова колиба, се забавувавме на Boot camp теренот и се восхитувавме на прекрасната глетка на Мавровско езеро. 

 Целта на Едуфронт е да ја зголеми мотивацијата на вработените, да ја зајакне меѓусебната доверба и комуникација, да ја поттикне иновативноста и сето ова да доведе до градење на среќен и квалитетен тим којшто ќе работи кон остварување на заедничката мисија. Едуфронт и во иднина ќе продолжи со вложување во својот тим и организирање на настани за зацврстување на силните врски, почитта и соработката.