Digipath Обука за Python Upp Adv. плаќање наеднаш
9.500 ден
Преку обуката Python Upp Adv учениците ќе го продлабочат знаењето од првите две обуки од Дигиталната патека за програмирање во Python за различни видови Python библиотеки и работа со нив.
Оваа обука е наменета за деца на возраст од 10 до 14 години. Обуката се одвива онлајн, со користење на платформата Zoom. Времетраење на една обука е 17 недели со 1 час неделно по 75 минути.
Со завршувањето на Python Upp Adv учениците ќе имаат понапредни познавања од концептите кои ги имаат изучено во обуките за основно и напредно користење на Python, ќе се запознаат со визуализација на нумерички податоци и работа со влезни датотеки, ќе креираат целосна едноставна игра со употреба на модулот PyGame и ќе креираат свои први програми кои ќе имаат кориснички интерфејс.
Опис
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:
- Повторувањето за: променливи, листи, услови и циклуси, работа со вгнездени
блокови на код и вгнездени циклуси - Работа со датотеки (читање, запишување на податоци и бришење на датотеки
преку програма) - Основи на модул Matplotlib за исцртување графикони од податоци
- Комбинирање на знаењата за да се визуелизираат податоци кои се наоѓаат во
некоја датотека. - Повторување и утврдување на знаењата од објектно-ориентираните концепти
(класи, атрибути и методи) - Напредно ниво на користење на модулот PyGame
- Целосно кодирање и изградба на познатата игра Змија.
- Основно користење на модулот Tkinter (поле за внесување на текст, oпаѓачка
листа и сл.) - Форми во модулот Tkinter
- Финален проект и негова презентација