Дигитална патека за програмирање за деца плаќање на рати

2.500 ден / месечно

Дигиталната патека за програмирање е составена од следниве основни обуки: Scratch, Scratch Adv, Python, Python Adv, Python Upp Adv, Python Adv Plus

Цената за Дигитална патека се однесува на две последователни обуки кои се изучуваат во текот на една учебна или иста календарска година. За почетници од 8 до 11 години тоа се обуките Scratch и Scratch Adv. Додека деца од 10 до 14 години започнуваат со обуките: Python и Python Adv.

Ако ученикот во претходна учебна година изучил некоја од Digipath обуките за програмирање тогаш уписот се врши за Дигитална патека составена од следните две последователни обуки.

Опис

Scratch е прва, воведна и подготвителна обука за програмирање. Таа има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерското размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерски дизајн. 

По завршување на првата обука Scratch учениците продолжуваат со изучување на обуката Scratch Adv. Во програмата од оваа обука се повторуваат и применуваат изучените концепти од првата обука во Scratch, се прошируваат со усвојување на нови концепти и работа на посложени проекти.

Преку обуката Python, учениците ќе се запознаат со основите на програмирањето и програмските јазици преку запознавање со синтаксните и семантичките особености на програмскиот јазик Python како еден од најзастапените програмски јазици во светот во моментот. Со завршувањето на обуката Python учениците ќе ги научат основните видови елементи кои се составен дел на програмските јазици, ќе ги усвојат поимите и концептите за: променливи, библиотеки, услови, циклуси, листи ќе умеат да решаваат математички и логички задачи во Python со помош на библиотеката Turtle и структурите кои ќе ги изучат во обуката.

Преку обуката Python Adv учениците ќе ги повторат и применат во посложени програми концептите изучени во првата обука Python и ќе се воведат во програмирањето на игри со помош на Python библиотеката PyGame. Со завршувањето на обуката Python Adv учениците ќе ги усвојат концептите за функции, вградени функции, класи во Python, ќе знаат соодветно да ги применат во пишување на кодови за решавање на дадени задачи и  ќе умеат да ги применат овие концепти во насока на развивање на едноставни компјутерски игри со помош на библиотеката PyGame.

Преку обуката Python Upp Adv учениците ќе го продлабочат знаењето од првите две обуки од Дигиталната патека за програмирање во Python за различни видови Python библиотеки и работа со нив. Со завршувањето на Python Upp Adv учениците ќе имаат понапредни познавања од концептите кои ги имаат изучено во обуките за основно и напредно користење на Python, ќе се запознаат со визуализација на нумерички податоци и работа со влезни датотеки, ќе креираат целосна едноставна игра со употреба на модулот PyGame и ќе креираат свои први програми кои ќе имаат кориснички интерфејс.

Вие исто така би сакале…