Дигитална патека за програмирање за деца плаќање наеднаш

18.000 ден

Дигиталната патека за програмирање е составена од следниве основни обуки: Scratch, Scratch Adv, Python, Python Adv. Секоја дигитална патека започнува со обуките: Scratch и Scratch Adv како основни обуки за деца од 8 до 11 годишна возраст. Овие две обуки се задолжителни за деца од 8 – 9 години како и за деца кои немаат предзнаења од креативно компјутерско образование.

Опис

Подготвителна обука за деца

Првата обука за Scratch е воведна и подготвителна обука која има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерско размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерски дизајн.
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во работа со компјутери. Креирање на корисничка сметка и запознавање со интерфејсот на Scratch
  • Блокови за движење. Први проекти во Scratch
  • Уште блокови за движење, завртување и насока
  • Креирање на проекти со ограничен збир на блокови
  • Багови и дебагирање
  • Анимација со блокови за : движење, звук, изглед
  • Проект – интерактивен колаж
  • Блокови за звуци и едитор на звуци во Scratch. Независна паралелност
  • Блокови за изглед и Paint editor во Scratch
  • Блокови за повторување. Анимација на карактери
  • Мои блокови – функции во Scratch
  • Разговори меѓу карактери. Зависна паралелност
  • Блокови за позадини. Сцени – проект приказна
  • Колаборативен проект – Pass it on
  • Услови. Sensing (ask and answer)
  • Оператори
  • Изработка на квиз со помош на оператори и sensing
  • Индивидуален проект и презентација на проектот

По завршување на првата обука се продолжува со изучување на обуката Scratch Adv. Во програмата од оваа обука се повторуваат и применуваат изучените концепти од првата обука во Scratch, се прошируваат со усвојување на нови концепти и работа на повеќе проекти за изработка на 2D игри и изработка и презентација на индивидуален проект.
Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Напредни концепти – video sensing, cloning
  • Екстензија Pen – запознавање со алатките, цртање на елементарни линии и форми и цртање на посложени форми
  • Блокови за контрола
  • Проекти кои изгледаат како игри со движење на стрелки и сенсинг блоковите
  • Променлива и примена
  • Елементи на игра
  • Изработка на 5 основни 2D игри и додавање на екстензии
  • Листи и работа со листи
  • Низи и проекти со текстуални низи
  • Дебагирање на проекти
  • Правење на индивидуален завршен проект и презентирање на проектот

Основни и напредни обуки за програмирање за деца

Преку обуките Python и Python Adv учениците ќе се запознаат со основите на програмирањето и програмските јазици преку запознавање со синтаксните и семантичките особености на програмскиот јазик Python како еден од најзастапените програмски јазици во светот во моментот.

Со завршување на обуката Python учениците ќе ги знаат основните видови на елементи кои се составен дел на програмските јазици и ќе умеат да решаваат едноставни математички и логички задачи во Python со помош на структурите кои ќе ги изучуваат во обуката.
Во оваа обука се застапени следните содржини:

  • Вовед во програмски јазици и нивната примена
  • Запознавање со програмската околина на PyCharm
  • Печатење на текст во Python
  • Аритметички оператори и пресметки
  • Променливи (варијабли)
  • Коментари во Python
  • Читање на влезни податоци во Python
  • Случајни (random) броеви
  • Услови и условнa логика
  • Листи
  • Циклуси
  • Turtle Graphics во Python
  • Функции
  • Квизови за утврдување на знаењата
  • Игри и забава

Втората обука Python Adv следува после завршена обука Python. Со завршување на оваа обука, учениците ќе ги знаат видовите на елементи кои се составен дел на програмските јазици и ќе умеат да ги применат овие концепти во насока на развивање на едноставни компјутерски игри со помош на библиотеката PyGame.
Главни цели на програмата од обуката Python Adv. се:

  • Учениците да ги повторат и утврдат своите знаења за функции, да разбираат и објаснуваат зошто се потребни и каде се користат функции
  • Учениците да знаат да применуваат функции при решавање на задачи
  • Учениците да ги разбираат класите во програмските јазици, со фокус на програмскиот јазик Python, и да разбираат каде се користат
  • Учениците да знаат да дефинираат сопствени класи и нивни методи во Python
  • Учениците да го знаат механизмот на наследување кај класите и да умеат да го применат во едноставни примери
  • Учениците да ги знаат основните составни делови на компјутерските игри и да разбираат како функционираат компјутерски игри
  • Учениците да се запознаат со готова околина во PyGame, да разбираат што прави кодот и да може да надополнат игра со своја содржина
  • Учениците да знаат да започнат со основен проект во PyGame и да додаваат своја содржина
  • Учениците да ги знаат основните особености на PyGame и можностите кои таа ги нуди

Продолжување кон нови обуки

Оваа дигитална патека на учење понатаму може да продолжи во обуки коишто се дел од: backend програмирање, fullstack програмирање, Data Science, Artificial Inteligence и Machine Learning.

 

Вие исто така би сакале…