Оваа пролет Едуфронт организира серијал од бесплатни, онлајн, воведни работилници наречени „Пролет со Digipath“. Работилниците се наменети за деца на возраст од 8 до 14 години, како воведно искуство во: програмирање, веб дизајн и графички дизајн за деца.
Одржувањето на отворени, виртуелни настани е дел од заложбата на Едуфронт за достапно образование за дигитални вештини на сите деца од училишна возраст. Преку нив им се дава бесплатна можност на децата да се запознаат со основите на дигитални вештини како што се: програмирање, веб дизајн и графички дизајн. Работилниците се одржуваат виртуелно, со што се овозможува поголема пристапност, независно од местото на живеење. Добредојдени се сите деца, од сите градови и села на Македонија, па дури и тие што во моментот се надвор од нашата земја.
Работилниците и активностите се во склоп со програмите за деца, креирани за обуките од Digipath – Дигиталните патеки за учење на Едуфронт. Нив ќе ги водат наши долгогодишни, искусни предавачи кои децата на работилниците ќе ги запознаат со дигитални технологии, како: програмските јазици Scratch и Python, веб технологиите HTML и CSS, графичкиот дизајн и платформата Canva. Тие најдобро знаат како да им пренесат знаења од соодветните вештини, на начин и со активности соодветни за детска возраст.
Работилниците ќе се одржат онлајн, на платформата Zoom. Секоја работилница е со почеток во 19:00 часот. За да се учествува потребно е само да се направи претходна регистрација, по што се добива повратен мејл со линк за приклучување.
Распоредот на пролетните работилници и линковите за регистрација се како што следува:
- Scratch работилница на 12 април, линк за регистрација: https://bit.ly/3FBahxg
- Canva работилница на 19 април, линк за регистрација: https://bit.ly/40jchSD
- Python работилница на 28 април, линк за регистрација: https://bit.ly/40kNFsJ
- HTML/CSS работилница на 5 мај, линк за регистрација: https://bit.ly/3Tsiqdc
Преку интересни „пролетни“ активности и со директна ангажираност на учесниците се надеваме дека ќе помогнеме кај децата да побудиме интерес за изучување на нови дигитални вештини и да им дадеме поширок видик за можностите за креативност и примена на дигиталните технологии.
Со нетрпение ве очекуваме на пролетно дружење и учење.