Успешно се спроведе првиот Едуфронт натпревар за програмирање во Scratch за деца од 9 до 11 години. Големиот интерес на ученици од цела Македонија укажа на фактот дека од корист ќе биде да продолжиме со организација на вакви настани за поттикнување на креативното компјутерско учење и образование кај децата.
Натпреварот се одржа во периодот 01 до 08 Јуни 2022 со помош на наставници од основните училишта. Целта на овој натпревар беше да се зголеми свесноста за најважната писменост на 21 – от век – дигиталната писменост кај децата, да се поттикне развивање и усвојување на дигитални вештини кај децата од рана училишна возраст.
Натпреварот се одвиваше онлajн и содржеше два дела:
1. Теоретски дел со прашања за познавање на програмскиот јазик Scratch, блок наредбите и концепти од програмирањето
2. Практичен дел – самостојна изработка на Scratch проект на тема „Поглед во иднината“ на онлајн платформата на Scratch.
Сите ученици кои учествуваа на натпреварот демонстрираа солидни познавања од Scratch. Додека преку своите изработени Scratch проекти, ни покажаа дека детската креативност е непресушна и секогаш пријатно изненадува.
Сите учесници и нивните ментори добија електронски сертификати за учество, а најдобрите натпреварувачи добија награди.
Првото место го освои ученикот Един Ахмеди, V одделенец во ОУ „Хајан Селмани“ во с. Ростуше. Един добива целосна стипендија за една обука во Едуфронт за учебната 2022/23 година.

Един Ахмеди
МакСпејс
Второто место го освои Тамара Нестороска, ученичка во IV одделение од ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје. Таа е наградена со полустипендија за една Едуфронт обука во учебната 2022/23 година.

Тамара Нестороска
Игра со карти – меморија – средства за транспорт
Третото место го освои ученикот Михаил Велјаноски од IV одделение од ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп. И тој доби полустипендија за една обука за учебната 2022/23 година.

Михаил Велјаноски
Избегни ги метеорите
По успешно завршениот натпревар, едвај чекаме да се запознаеме со победниците на натпреварот и нивните ментори за време на доделувањето на дипломите за учебната 2021/22 година. Се радуваме што ќе бидат наши ученици следната учебна година и ќе продолжат со учење на нова дигитална вештина по нивни избор.