стем академија

СТЕМ Академија за деца: програмирање

Зошто децата треба да научат да кодираат преку СТЕМ образование и како да го направат тоа?

Во нашата претходна статија за СТЕМ Академија за деца, зборувавме за тоа како „Т“ означува технологија во кратенката СТЕМ. СТЕМ користи софтвер, како и хардвер за да постигне учење базирано на проекти. Во нашите Digipath обуки користиме СТЕМ со цел  да ги научиме малите деца да програмираат. Затоа сакаме да нагласиме колкава улога игра кодирањето во СТЕМ образованието.

Стем Академија: Кодирање за деца

Учењето програмирање е нешто што речиси секој може да го направи, а придобивките се огромни. Не само што кодирањето може да отвори широк спектар на можности за кариера, туку кодирањето користи важни области на мозокот и ја подобрува креативноста. Постојат голем број на програмски јазици и со тоа имаголем број на опции за избор на програмски јазик за секој кој сака да научи како да кодира. Некои јазици се релативно едноставни, додека други се доста посложени. 

Многумина сметаат дека Python е еден од најлесните програмски јазици за учење, додека C++ е моќен и идеален за учење за секој кој сака да стекне обемни програмерски вештини за градење мобилни апликации. HTML и CSS се корисни за градење и уредување на статични веб страници, а JavaScript е јазикот кој се користи за додавање функционалност на веб страниците. Без оглед на избраниот јазик, корисно е да се започне со најосновните аспекти на кодот. 

Важноста на кодирање за деца во СТЕМ образованието

Факт е дека ние комуницираме со технологијата секој ден. Според истражувањата, еден просечен граѓанин троши речиси 12 часа и 7 минути на главните социјални медиуми. Децата на 21-от век, односно генерацијата Z ќе пораснат со прекрасни технолошки достигнувања, благодарение на моќта на програмирањето и вештачката интелигенција.

Во светот на податоците дадени се два избора – да бидете производител или да бидете потрошувач. Денешните деца, како работна сила на утрешнината, треба да разберат како да го интегрираат програмирањето во нивните области и да станат производители на податоци дури и ако не се дел од ИТ секторот.

СТЕМ образованието се фокусира на градење на вештини за решавање на проблеми од реалниот живот користејќи мешавина од технологија, наука и логика, а најдобриот начин да ги научите децата како да ги интегрираат технологијата и логиката е да ги научите да кодираат. На овој начин, тие учат да развиваат свои решенија и одговори наместо да користат веќе постоечки. Учењето и работата на програмските јазици ги учи децата како да ги разложат сложените проблеми и им помага да визуелизираат апстрактни идеи.

Стем Академија: Како да се почне со кодирање за деца?

СТЕМ образованието секогаш функционира со групирање на технологијата со природните и формалните науки, така што децата учат да кодираат со разбирање на различни делови од кодот и што се добива со нивно извршување. Подолу се дадени неколку ресурси кои можат да се користат за учење програмирање на деца.

  • Апликациите како Scratch и ScratchJr се користат за наставните предавања за кодирање за деца како дел од STEM. Овие платформи им дозволуваат на децата својата имагинација да ја преточат во форма на приказни, игри или анимации.
  • Програмскиот јазик Python е нешто што е лесно за учење за децата поради неговата едноставна синтакса заснована на англискиот јазик. Учениците можат да започнат со спирографија користејќи ја библиотеката за графика – turtle (желка), со што ќе усвојуваат концепти од математика и геометрија.
  • Уште една омилена платформа на децата е Roblox, на којашто можат да дизајнираат, градат и создаваат свои сопствени 3D светови и игри.

Освен горенаведеното, постојат бројни веб и мобилни апликации и STEM едукативни комплети достапни за деца од рана до тинејџерска возраст, кои им помагаат да научат да кодираат и да развијат пресметковно размислување. 

Заклучок:

Кодирањето во СТЕМ образованието ја игра улогата на нишката што ги поврзува точките од теоретската наука со практичната технологија. Мораме да разбереме дека тоа станува универзално барање кое има примена во сите полиња на работа.

Машинската писменост и технолошката свест започнува на млада возраст во Едуфронт. Ја нагласуваме важноста на кодирањето и преку виртуелни помагала се грижиме за нашите Едуфронт ученици да се забавуваат додека учат да се справуваат со светот на програмирањето.