You are currently viewing СТЕМувај како девојка: Бесплатен Boot camp за веб дизајн

СТЕМувај како девојка: Бесплатен Boot camp за веб дизајн

ЕДУФРОНТ како социјално одговорна компанија, преку организирање на бесплатен boot camp за веб дизајн за девојки, се приклучи на програмата „СТЕМувај како девојка“. Програмата „СТЕМувај како девојка“ спроведена од Македонија 2025, во партнерство со Фондацијата Ана и Владе Дивац – Србија и Women In Tech Macedonia. Програмата има за цел да ги мотивира и поддржи младите девојки за избор на образование и кариера во некоја од областите на СТЕМ (Science, Technology, Engineering and Mathematics).

Целта на овој boot camp е учесниците да развијат основно познавање на работата на Интернетот и веб страните, како и веб дизајнот преку технологиите HTML и CSS. После boot camp-oт, учениците ќе можат сами да направат основна HTML веб страница за нивна потреба, и да имаат доволно знаење за да видат што и во која насока би сакале да продолжат да се запознаваат со веб програмирањето.

Преку оваа обука, учесниците ќе се стекнат со знаење за тоа како работи Интернетот и WWW (World Wide Web) протоколот. Исто така ќе се запознаат со тоа како работи една веб страна и целиот процес кој се одвива во позадина. Дополнително учесниците ќе се запознаат со различните видови на веб технологии како HTML кој е основа на сите веб страни и првата скала кон изработката на веб страните. Ќе бидат презентирани концепти за распоред на страната, основните елементи во секоја веб страна, внесување на содржини како текстуални, хиперлинкувани содржини, слики, видеа и други мултимедијални содржини.

Во рамки на овој настан, учесниците ќе се запознаат со работа со различни типови на графични содржини и нивно појаснување како работата во дигиталниот свет и со основно ниво на стилскиот јазик CSS, кој повеќе ќе ги воведе учениците во дизајнерскиот аспект на самата веб страна како: типографија, селекција на бои, распоред на нијанси, стилови на фонтови и текстови, односно самиот изглед на страната.

На boot camp-от кој ќе се организира како zoom онлајн настан, ќе присуствуваат девојки кои беа присутни на серијалот од мотивациските предавања во рамки на програмата „СТЕМувај како девојка“.

Целна група: Средношколки/ци од III и IV година вклучени во проектот „СТЕМувај како девојка“ 

Времетраење: 3 училишни часа 

Временска рамка: 3 часа по 45 минути (со 10 минути пауза меѓу часови и 10 минути на крај за прашања)

Датум и термин: 28 Јануари (петок), почеток: 18:00 часот

Начин на одржување: Онлајн со користење на платформата Zoom (пријавување со регистрација, до 100 учесници максимум)

Предавач: Марко Палоски

Пријавување на следниов линк: https://bit.ly/3fet2J6