You are currently viewing Photopea и Figma – дигитална креативност на дело за деца од 10 до 14 години

Photopea и Figma – дигитална креативност на дело за деца од 10 до 14 години

Во последните неколку години, кај децата сè почесто препознаваме интерес за креативно изразување преку екран – цртаат дигитално, уредуваат слики, сакаат да го „направат“ својот Instagram story самите или да дизајнираат покана за роденден. Тоа што порано се изразуваше со боички и хамер, денес се изразува со алатки како Canva, Photopea и Figma.

Токму затоа, во Едуфронт креиравме обуки кои ја препознаваат и насочуваат таа креативна енергија кон корисни дигитални вештини. Во рамки на нашата Дигитална патека за графички дизајн, ги воведуваме обуките „Дизајн со Photopea“ и „Дизајн со Figma“ – двете наменети за деца од 10 до 14 години, прилагодени по возраст, интерес и реални способности.

Иако се трет и четврт модул во патеката, овие обуки се идеални и како почеток. Не е потребно предзнаење ниту претходна обука со Canva – само љубопитност и желба за креација.

Дизајн со Photopea: За деца кои сакаат да обработуваат слики, да „склопуваат“ и да уредуваат

Photopea е онлајн софтвер што изгледа речиси идентично како Photoshop, само што е бесплатен и работи во интернет-прелистувач. Учениците учат како да:

  • исечат елементи од една фотографија и да ги стават во нов контекст (на пример, омилен лик од цртан филм да го вметнат во нивен постер)
  • направат банер за насловна слика за YouTube или Instagram
  • додадат сенка на производ или елемент, или да направат ефект како за реклама
  • поправат „оштетена“ фотографија (на пример, избледена стара фотографија од баба и дедо)
  • креираат сопствена GIF-анимација со движење
  • како да направат промотивен плакат за училишен настан или да уредат дигитална честитка за роденден.
    Целта е децата да стекнат самостојност во визуелното размислување и способност да пренесат идеја преку слика.

Дизајн со Figma: Кога децата почнуваат да размислуваат како вистински веб дизајнери

Figma е професионална алатка за UI/UX дизајн, која денес ја користат најголемите компании за дизајнирање на апликации, веб страници и дигитални продукти. Во обуката, децата:

  • учат што значи добар изглед (UI) и добра навигација (UX)
  • сами дизајнираат homepage, контакт страница, па и мобилна верзија на веб страница
  • се запознаваат со основите на HTML и CSS – не за да програмираат, туку за да знаат како нивниот дизајн ќе го користат девелоперите
  • работат на сопствен финален проект (на пример: веб страница за нивен travel блог, продавница за рачни изработки или апликација за ученици)

На крајот од обуката, секое дете го презентира својот дизајн пред останатите – гордо и со самодоверба. Овој дел, од нашето искуство, знае да биде пресвртен момент: детето сфаќа дека нешто што изгледа како „веб страница“ или „апликација“ е негово дело. А тоа има огромна мотивациска вредност.

Обуки што не учат само „како“, туку и „зошто“

Секоја обука се реализира онлајн, преку Zoom, еднаш неделно по 75 минути, во мали групи до 8 деца. Така обезбедуваме простор за индивидуален напредок и чувство на заедништво.

Најважно, не ги учиме децата само да „кликаат“. Учиме логика, визуелна комуникација, внимание на детали и размислување од перспектива на корисникот. А сето тоа преку интересни, практични задачи со реални примери.

Поддржете го креативниот потенцијал на вашето дете

Многу деца се креативни, но не секогаш имаат алатки и насока каде да ја изразат таа креативност. Со Photopea и Figma, тие добиваат не само вештини, туку и простор за изразување, самодоверба и нов начин на размислување.

Ако гледате потенцијал кај вашето дете – љубопитност, креативност или интерес за визуелно изразување, направете го првиот чекор и пријавете го овде: https://edufront.mk/prijava/ .