edufront-blog-programa-za-scratch

Програмирање за деца во Scratch

Зошто програмирање во Scratch?

Главната цел на нашата програма за Scratch е воведување на програмирање за деца во Scratch и да ги запознае со програмирање децата од рана училишна возраст.

Овој програмски јазик е наменет за вовед во програмирање за деца, но и сите оние кои немаат претходно искуство во програмирање. Затоа дизајнот на Scratch има повеќе видливи аспекти како што се: користење на визуелни блокови за команди, опцијата „влечи“ и „лепи“ на блоковите при креирањето на скрипти, минимално множество на видливи команди и распоред на кориснички интерфејс со еден прозорец.

Програмирање за деца во scratch се користи за креирање на проекти коишто содржат скрипти и медиуми. Во Scratch може да се вметнат слики и звуци или пак да се креираат со помош на алатка за цртање и снимач на звуци. Програмирањето и пишувањето на кодови се врши со лепење на командни блокови за да се контролираат дводимензионални графички објекти наречени sprites при движењето и извршувањето на скриптите на позадина наречена сцена.

Scratch го додава програмирањето на активности со примена на медиуми коишто се популарни меѓу децата и ги поттикнува децата да учат преку истражување и споделување со своите врсници. Исто така во Scratch помалку се става акцент на директни упатства за учење и примена во однос на другите програмски јазици.

Наставна програма за програмирање за деца во Scratch

Во основата на програмата за Scratch e изучувањето на програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“. The Creative Computing Curriculum е проект на Creative Computing Lab во Harvard Graduate School of Education.

Оваа програма им помага на младите луѓе да ги изучуваат основите на програмирањето, логичкото размислување и креативна примена на изученото преку создавање на сопствени проекти. Децата исто така учат преку решавање на проблеми и преку преработка на веќе споделените проекти и систематски да резонираат и соработуваат во работата.

На часовите со Scratch децата ќе програмираат свои интерактивни колажи, приказни, анимации и игри на сопствен профил на www.scratch.mit.edu со последната, онлајн верзија на Scratch 3.0.

Преку изучување на Scratch децата учат:

  • Математички концепти (координати, насоки, агли, променливи и др.) и компјутерски идеи и концепти (низи, услови, циклуси, итерации, дебагирање и др.) на мотивирачки начин и давање смисла и конкретно значење
  • Процес на дизајн
  • Вештини за учење на 21от век: креативно размислување, јасна комуникација, систематско анализирање, ефективно соработување, континуирано учење
  • Флуентност со дигиталната технологија (не само да ја користат туку и создаваат со неа)

Програмата за Scratch се изучува во тек на една учебна година. Таа е поделена на две обуки: Scratch и Scrtach Adv. пришто секоја од нив се изучува во еден семестар и содржи 18 часови, со едeн час неделно со траење од 75 минути. Наставата за оваа програма се одвива онлајн со користење на онлајн платформа за конференциска врска. Учениците имаат пристап до работни листови и дополнителни материјали од содржините што ќе се изучуваат на час или ќе им бидат потребни за задачите за домашна работа. Материјалите се задаваат и споделуваат во електронска форма.

На оваа програма за Scratch може да се запишат деца на возраст од 8 до 11 години, кои немаат претходно искуство и предзнаења од програмирање.

Основна обука за програмирање за деца во Scratch

Првата обука за Scratch е воведна и подготвителна обука која има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерско размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерски дизајн. Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Вовед во работа со компјутери. Креирање на корисничка сметка и запознавање со интерфејсот на Scratch
  • Блокови за движење. Први проекти во Scratch
  • Уште блокови за движење, завртување и насока
  • Креирање на проекти со ограничен збир на блокови
  • Багови и дебагирање
  • Анимација со блокови за : движење, звук, изглед
  • Проект – интерактивен колаж
  • Блокови за звуци и едитор на звуци во Scratch. Независна паралелност
  • Блокови за изглед и Paint editor во Scratch
  • Блокови за повторување. Анимација на карактери
  • Мои блокови – функции во Scratch
  • Разговори меѓу карактери. Зависна паралелност
  • Блокови за позадини. Сцени – проект приказна
  • Колаборативен проект – Pass it on
  • Услови. Sensing (ask and answer)
  • Оператори
  • Изработка на квиз со помош на оператори и sensing
  • Индивидуален проект и презентација на проектот

Напредна обука за програмирање за деца во Scratch

По завршување првата обука се продолжува со изучување на обуката Scratch Adv. Во програмата од оваа обука се повторуваат и применуваат изучените концепти од првата обука во Scratch, се прошируваат со усвојување на нови концепти и работа на повеќе проекти за изработка на 2D игри и изработка и презентација на индивидуален проект. Оваа обука ги опфаќа следните содржини:

  • Напредни концепти – video sensing, cloning
  • Екстензија Pen – запознавање со алатките, цртање на елементарни линии и форми и цртање на посложени форми
  • Блокови за контрола
  • Проекти кои изгледаат како игри со движење на стрелки и сенсинг блоковите
  • Променлива и примена
  • Елементи на игра
  • Изработка на 5 основни 2D игри и додавање на екстензии
  • Листи и работа со листи
  • Низи и проекти со текстуални низи
  • Дебагирање на проекти
  • Правење на индивидуален завршен проект и презентирање на проектот