You are currently viewing Доделување на дипломи за летен семестар 2021/22 год.

Доделување на дипломи за летен семестар 2021/22 год.

По повод завршувањето на учебната 2021/2022 година, ЕДУФРОНТ организираше настан на којшто се доделија дипломите на учениците од обуките од #Digipath – Дигитални патеки за учење за деца. 

Главниот настан се одржа на 18.06.2022 во Скопје во Среќа бар каде присуствуваа учениците и нивните родители. Покрај тоа, за нашите ученици од Битола, наставничката Теодора Трајковска организираше мал собир за дружење и доделување на дипломите во Битола. Нашите млади Едуфронт ученици покрај дипломите си добија и мали подароци за успешно завршена обука и учебна година.

По почетниот говор на нашата основачка и менаџерка Гордана Мишевска, наставниците им честитаа на своите ученици со доделување на дипломите од соодветните обуки за програмирање во Scratch, програмирање во Python, веб дизајн и дизајн

Настанот се одвиваше во весела атмосфера. Секој од учениците беше награден со аплауз од присутните гости. За спомен направивме фотографии од врачувањето на дипломите и групни фотографии од учениците. Сето ова продолжи со неформално дружење меѓу децата со своите соученици. Исто така, учениците и родителите имаа можност да поразговараат со наставниците и се консултираа за понатамошните обуки и следниот чекор од патот за дигитално надоградување и усовршување.

На настанот се доделија и стипендии на победниците од првиот Едуфронт онлајн натпревар за програмирање во Scratch. На првонаградениот Един Ахмеди му беше врачен ваучер за целосна стипендија, а на Тамара Нестороска ваучер за полустипендија. Менторите на учениците добија Сертификати за менторство и Едуфронт подароци.

Со завршување на учебната 2021/22 година, пристигнавме до бројка од над 250 слушатели на нашите онлајн обуки. Веќе ги запишуваме и новите ученици за следна учебна година со кои ќе започнеме со настава во септември. Пријавата се одвива преку формата на нашата веб страница. Во тек ни е ран упис со 30% попуст на цените и истиот ќе трае до 30 Јуни.