Кодирање во Scratch e начин како децата да се воведат во кодирањето. Scratch е визуелен програмски јазик и се користи за креирање на проекти коишто содржат скрипти и медиуми. Scratch е идеален за деца на возраст од 8 до 16 години.
Scratch за прв пат бил развиен во 2003 година од MIT Media Lab и Playful Invention Company. Неговата првична цел била да ги воведе децата во основите на кодирањето на едноставен и интересен начин. Меѓутоа, денес луѓе од сите возрасни групи го користат Scratch за да го започнат своето патување во светот на кодирањето.
Scratch се користи во над 150 земји ширум светот и е преведен на повеќе од 60 јазици. Ученици од различни дисциплини (математика, уметност, општествени науки) учат да кодираат во Scratch, бидејќи тоа им овозможува да стекнат вештини потребни за 21 век. Scratch им помага на децата да размислуваат на креативен начин додека работат, учат и соработуваат во тимови.
Слоганот на тимот Scratch „замисли, програмирај, сподели“ ги охрабрува учениците да споделуваат и користат веќе постоечки кодови, идеи, проекти и да „ремиксираат“ туѓи проекти од Scratch заедницата . Ова едноставно значи дека лицето кое користи Scratch прави копија од веќе направен проект од некој во заедницата, прави промени и додава свои елементи. Тимот на Scratch вели дека ова е одличен начин за учење и градење креативни идеи кај поединец кој штотуку почнува. Дури и малите промени се сметаат за ремикс.
Разбирање на кодирање во Scratch
Корисничкиот интерфејс на Scratch е многу едноставен и лесно разбирлив за децата како главни негови корисници.
Постојат четири основни елементи:
- Сцена – местото каде се прикажуваат сите резултати од извршување на кодот.
- Карактер/Sprite – се прикажуваат сите ликови искористени во проектот. Тука се наоѓаат и копчиња за пристап до Библиотека со карактери или алатка за вметнување на нов карактер. Секој карактер е програмиран со посебна скрипта.
- Листа на блокови со наредби – листата на блокови со наредби е присутна на левата страна на екранот.
- Простор за кодирање – тука се влечат блоковите од листата со блокови. Тука се пишуваат скрипти на карактерите и кодот на проектот.

Постојат различни категории на блокови за програмирање, пришто за секоја категорија е искористена различна боја на блоковите. Тие се користат за креирање на кодот. Блоковите можат да се составуваат, лепат едни со други како сложувалка. Секоја категорија има своја форма со што се помага спречувањето на појава на синтаксички грешки. Кога повеќе блокови се поврзани во серија, таа станува скрипта. Во најновата верзија на Scratch, достапни се девет категории на блокови: Движење, Изглед, Звук, Настан, Контрола, Сензор, Оператори, Променливи и Мои блокови.
Зошто кодирање во Scratch?
Кодирање во Scratch е одличен начин за децата да ја започнат својата едукативна патека во кодирање. Штом детето ќе се чувствува сигурно во користење на Scratch и ќе ги разбере основите на кодирањето, тогаш може да се пренасочи на посложени јазици. Scratch делува како забавна почетна точка за програмирање за деца во Scratch, и има многу придобивки од учењето да се кодира користејќи ја оваа платформа за кодирање. Некои од придобивките следуваат во продолжение:
Scratch им помага на децата да станат подобари планери
За да се создаде било каква игра или анимација, децата прво треба да го испланираат текот на акцијата. Ова значи дека треба да ја планираат позадината на елементите и темата на производот што го градат. Кога ќе се спојат сите акции, ова станува игра или анимација. Планирањето чекор по чекор и вештината за организација ќе им помогне на децата да станат поорганизирани во иднина.
Креаирање на имагинација преку кодирање во Scratch
Scratch е програмски јазик базиран на блокови. Ова на децата им овозможува да одлучуваат самостојно и да ги изградат своите измислени ликови, позадина и концептот. Scratch е платформа каде децата можат да прават бескрајни проекти од нивната имагинација, што ја подобрува нивната креативност и имагинативни вештини и ги прави поиновативни.
Kодирањето во Scratch им помага на децата да станат подобри решавачи на проблеми
Воведувањето на кодирање во Scratch може да им помогне на децата да се запознаат со основните концепти на кодирање. На овој начин тие се изложени на практичните аспекти на математичките и природните концепти кои вклучуваат x-y координати, степени, гравитација, брзина итн. Тие исто така се оспособуваат да ги сфатат основните придобивки од кодирањето на млада возраст што ги подготвува подобро за нивната иднина.