You are currently viewing <strong>СТЕМ Академија за деца</strong>

СТЕМ Академија за деца

Зошто СТЕМ образованието е толку важно?

Според светската трговска организација, занимањата во областите од СТЕМ академија (наука, технологија, инженерство и математика) имаат раст од 24%, додека другите занимања растат со 4%. Носителите на СТЕМ дипломи имаат повисок приход дури и во кариери кои не се поврзани со СТЕМ. Работната сила од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката игра клучна улога во одржливиот раст и стабилноста на светската економија. 

СТЕМ образованието ја зголемува научната писменост и им овозможува разни иновации на следните генерации. Иновациите водат кон нови производи и процеси кои ја одржуваат нашата економија. Јасно е дека повеќето работни места во иднината ќе бараат основно разбирање на математиката, науката и технологијата. И покрај овие убедливи факти, резултатите од направените тестирања по математика и природни науки покажуваат дека во просек македонските ученици заостануваат зад учениците од другите земји во развој. Еве зошто СТЕМ образованието е толку важно за децата и младите ученици.

Што е СТЕМ?

СТЕМ е кратенка за наука, технологија, инженерство и математика. СТЕМ е важен бидејќи проникнува во секој дел од нашите животи. Науката е насекаде во светот околу нас. Технологијата постојано се проширува во секој аспект. Инженерството лежи во основниот дизајн на патиштата и мостовите, но исто така се справува со предизвиците на глобалното затоплување и еколошките промени. Математиката е во секое занимање, секоја активност што ја правиме во нашите животи.

Образованието засновано на СТЕМ ги учи децата повеќе околу науката и математичките концепти. Фокусот на практично учење со примена во реалниот свет помага да се развијат различни групи на вештини, вклучувајќи креативност и вештини на 21 век.

Кој има корист од СТЕМ?

Вештините на 21 – от век вклучуваат медиумска и технолошка писменост, продуктивност, социјални вештини, комуникација, флексибилност. Други вештини кои се постигнуваат преку СТЕМ образованието се: решавање проблеми, критичко размислување, креативност, љубопитност, донесување одлуки, лидерство, претприемништво, прифаќање на неуспех и многу повеќе. Без оглед на понатамошниот пат на децата во образованието и кариерата, овие сетови на вештини многу ќе им помогнат и ќе ги подготват да бидат иновативни.

СТЕМ образованието, исто така е од клучно значење за една држава да остане светски лидер. Доколку не се подобри СТЕМ образованието, државите ќе продолжат да паѓаат на светскиот ранг и нема да можат да ја задржат својата глобална позиција. 

СТЕМ образованието е важно за да поттикне интерес за продолжување на СТЕМ кариера кај учениците. Сепак, наставниците не го носат целиот товар на СТЕМ академија и СТЕМ образованието. Родителите, исто така, мора да ги охрабрат своите деца, да ги следат СТЕМ активностите и да ја зголемат свеста и интересот дома и во воннаставните активности за придобивките од СТЕМ образованието.

Воннаставните програми можат да им помогнат на децата да увидат дека СТЕМ е повеќе од час што треба да го завршат. Преку активности за примена на СТЕМ во реалниот живот, ним им се презентираат идеи кои се од корист за нашето општество, па дури и за нашиот свет во целина.

Како да ги подготвите идните генерации да бидат иноватори?

Воннаставните програми обезбедуваат можности да се земе традиционалното учење и да се насочи за да се даде приоритет на практичното искуство и реалната примена, неопходни за развој на иновативен ум. Дознајте за програмите базирани и инспирирани од СТЕМ академија и СТЕМ образованието од Едуфронт – Digipath обуките за да го направат првиот чекор во подготовката на децата за иден животен успех.