Што е Canva?
Canva е алатка за графички дизајн што работи на поедноставување на процесот на дигитален дизајн. Canva овозможува уредување на слики и учење базирано на проекти користејќи едноставен интерфејс со влечење и спуштање кој добро функционира дури и за најмладата популација. Од групно работење до индивидуално креирање проекти, на платформата Canva има многу потенцијални употреби за секоја возрасна група.
На Canva може лесно да се креира сметка и да работите или преку веб-прелистувач или на апликациите за iOS или Android. Регистрирањето на Canva може да го направите користејќи е-пошта, сметка на Google или со најавување на Facebook. Откако ќе се создаде сметка, бесплатно, можете да изберете дали ја користите како учител, ученик или за приватни цели. Ова ќе го прилагоди искуството на вашите потреби и ќе го олесни пребарувањето.
Kои се придобивките од учење на графички дизајн за деца
Графичкиот дизајн освен тоа што им нуди на децата комуницирање порака преку креативност, исто така ги учи како ефективно да ги оживеат идеите на другите луѓе. Стануваат подобри слушатели и разиваат интерперсонални способности.
Децата заедно со комуникациските вештини, учат и вештини за управување со времето додека се занимаваат со графички дизајн. Во идинина, за време на нивниот професионален живот најверојатно ќе имаат многу рокови, временски распон во кој ќе треба да завршат проекти. Можеби ќе имаат и повеќе дизајни да завршат во исто време. Ова ќе им помогне на децата да научат како да дадат приоритет на она што е најважно.
Една од поважните работи е тоа дека ќе научат како да обрнуваат внимание на деталите што се восхитувачки не само за графичкиот дизајн, туку и за сите други работи што ги прават. Забележувањето на ситните детали што другите можеби не ги забележуваат е многу важно за сите креативци. Со учење на графички дизајн, децата развиваат одлични организациски вештини и сето ова докажува дека стануваат многу внимателни личности.
Canva и графички дизајн за деца
Canva може да помогне во успехот на учениците и да го зголеми интересот за учење. Учениците можат да создадат визуелна задача која ќе помогне да ги споделат своите мисли и идеи со другите ученици.
Со Canva децата можат да креираат графики за нивните училишни проекти. Тие можат да додаваат слики и текст за да креираат постери, презентации и многу повеќе. Ова е одличен начин децата да станат креативни и да се забавуваат со нивните проекти.
Canva нуди многу виртуелни шаблони за учениците да можат да работат со дизајн и да додаваат свои промени. Со повеќе од 250.000 достапни шаблони, започнувањето и напредувањето низ темите во Canva е многу лесно, дури и за оние кои се нови на платформата. Достапни се и залихи фотографии, видеа и графики, со стотици илјади избори. На Canva, децата можат да прикачуваат и свои слики и видеа, што е особено погодно кога се користи верзијата на апликацијата на паметен телефон. Откако ќе завршат со дизајнот, имаат можност да ја преземат датотеката, да ја споделат преку многу оптимизирани опции за социјалните медиуми или да ја испечатат.
Ако децата сакаат студиозно да навлезат во основите на графичкиот дизајн тогаш следењето на онлајн обуките на Едуфронт за „Основи на дизајн и Canva“ и „Дизајн и Canva Adv.“ е вистинскиот пат. Во овие обуки децата се запознаваат со основно и напредно ниво на графички дизајн. Тие ги учат универзалните правила и концепти на графичкиот дизајн и сето тоа практично го применуваат и вежбаат на платформата Canva. Исто така се запознаваат со разни видови на дизајни кои се користат во дигиталниот маркетинг и продукт дизајн. Canva им овозможува на поедноставен начин да изработат дизајни за конкретна намена, оспособувајќи се за користење на сите алатки и опции кои ги нуди. Независно дали сакаат да го одберат графичкиот дизајн како своја идна професија, ќе стекнат вештини кои ќе им бидат корисни во секојдневниот живот, училишните задачи и покреативна работа во идната кариера.